Search

Ајакс го продолжи договорот на Ван дер Сар

Поранешниот холандски репрезентативец Едвин ван дер Сар ќе ја продолжи својата работа како извршен директор на Ајакс, објави клубот.

Ван дер Сар (49) потпиша нов договор што ќе го задржи на арената „Јохан Кројф” до 2023 година.

Откако се откажа од фудбалот во 2011 година, Ван дер Сар се зафати со раководни улоги во клубовите. Во 2012 година започна да работи во Ајакс како директор за маркетинг, а во 2016 година беше промовиран на извршен директор.

Оваа година екипата на Амстердам ја освои титулата на Холандија, Купот и Суперкупот и играше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави