Search

Ајакс го претстави Шродер, наследникот на Ерик тен Хаг

Холандскиот фудбалски шампион Ајакс го претстави новиот тренер Алфред Шродер, кој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг кој замина на клупата кај англискиот фудбвалски премиерлигаш Манчестер јунајтед. Шродер доаѓа од редовите на Клуб Бриж, со кој успеа да ја освои шампионската титула во белгиското првенство.

-За мене е голема чест што сум тренер на Ајакс. Сакам да продолжиме да освојуваме трофеи, а тимот да игра атрактивен фудбал. Верувам дека ќе имаме успеси заедно и дека фановите ќе се радуваат, изјави Шродер.

Треба да знаете
Последни објави