Search

Ајакс го подобри клупскиот рекорд за најмногу голови во една сезона

Холандскиот гигант Ајакс продолжува да ја „украсува” сезонава со изненадувања и достигнувања.

Во оваа кампања екипата постигна 156 гола во сите натпреварувања, што е рекорд за клубот, соопштува „ОптаЏон”.

Тимот од Амстердам самоуверено води во холандското првенство, каде постигнале 107 гола, се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите, каде реализираа 32 погодоци, а исто така се во финалето за Купот на Холандија, каде ќе игра со Вилем II. Во овој турнир избраниците на Ерик Тен Хаг реализирале 17 гола.

Треба да знаете
Последни објави