Search

Ахмет Давутоглу формира нова партија

Поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу, некогашен најблизок соработник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој ја напушти владејачката партија АКП во септември, ќе формира нова партија за неколку недели, соопштија турските медиуми. Давутоглу (60) беше премиер од 2014 до 2016 година пред Ердоган да го разреши. Годинава тој ги критикуваше претседателот и владејачката партија за лошо управување и ги обвини за ограничување на основните слободи и слободен говор.

Треба да знаете
Последни објави