Search

Ахмети остава можност за консензуален кандидат

ДУИ остава отворена врата за одлука за консензуален кандидат изјави денеска партискиот лидер Али Ахмети. Тој не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските.

-За доброто на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус.Останува отворено прашање и ќе одлучи раководството на ДУИ. Јас не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори бидејќи треба Македонија има поважна агенда особено сега по затворање на важни прашања како преспански, охридски и договор со Бугарија. Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на престедателски кандидат, вели Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави