Search

Ахмети од Струга: На противниците им се тресат нозете од идејата за првиот премиер Албанец

Централниот Изборен Штаб на Демократската Унија за Интеграција престојуваше во Општина Струга каде со свои говори се престави Претседателот на партијата, Али Ахмети. Како што соопшти ДУИ, Ахмети добил голема поддршка од граѓаните на Струга, кои го преполниле местото на собирот, со што, како што се наведува во партиското соопштение, и рекле ДА на идејата за првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија.

Претседателот на интегративците, Ахмети рече дека секое ново поглавје сака нова енергија и дека веќе успешно е затворено едно поглавје за Албанците, но и за државата.

„ Несакајќи да елаборирам за остварувањата, бидејќи сите ги допираат и ги гледат, но и понатаму имаме уште многу работи за остварување, нашата енергија треба да ја потрошиме за подобри денови од овие што ги оставаме зад нас. Народот вели дека лошото нема крај но и добрите работи немаат крај. Се потрудивме да направиме добри работи неразочарувајќи ги нашите гласачи и воопшто Албанците претставувајќи ги достоинствено како националната така и во меѓународната сфера и за ова Ви се заблагодарувам за поддршката што ни ја дадовте 2 децении по ред. Денес сме членка на НАТО, ги отворивме преговорите за членство во Европската Унија и ова е ново поглавје што се отвара и бара енергија за спроведување и оживување на стандардите кои го забрзуваат патот кон полноправнотот членство во ЕУ“ рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Ахмети беше оптимист дека со кадарот што го поседуме во следните 5 години ќе се оствари целта за членството во ЕУ и дека нема враќање назад.

” Ќе има црвени линии за секој кој што сака да го загрозува или негира Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за Добрососедство со Бугарија, затоа враќање нема, со што партнерство во ова земја нема. Демократската Унија за Интеграција ги почитува челичните темели кои се воспоставени за да ги движат прашањата напред. Безкомпромисно ќе бидеме за стандардите кои треба да се воспостават како за ветингот, зголемување на квалитетот во образованието, здраството, локалната самоуправа, инфраструктура, бидејќи ако не работиме во ова насока нема да можеме да бидеме достоинствена членка на ЕУ”, истакна Ахмети.

Има луѓе кои се скептични за нашите идеи, има луѓе кои не веруваат дека може да постигнеме успех, рече Ахмети, но не можеме да ги убедиме сите, бидејќи има факти кои постојат.

” Сите Вие знаеете дека Албаните сонуваа еден Скендербег да биде во еден мал дел од ова земја и ако прашавме некого пред 30 години дека Националниот херој ќе се постави среде Скопје ќе ни одговараше дека немаме памет. Денес имаме споменик на Иса Болетини и Хасан Приштина и ако некој пред некое време ќе речеше дека Талат Џафери, претседател на Собранието ќе го крева знамето на НАТО, кој ќе веруваше, еден командант на Ослободителната Национална Армија? Нема да биде премиерот Албанец? Зошто да не може? Никој не ми дава одговор, а од друга страна им се тресат нозете од ова идеја,” заврши на крај Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави