Search

Ахмети: Ниту еднаш не ја изгубив вербата за членството во НАТО

– Ратификацијата на Протоколот за зачленување во НАТО е историски ден за Северна Македонија. На овој ден вреди да се потсетиме и да ги спомнеме сите припадници на НАТО, кои го дадоа животот за слободната која отсуствуваше во различни простори, за отсутната демократија, за мирот и стабилноста што беа оспорувани. Со овие зборови лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им се обрати на пратениците во Собранието на свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО.

–  Јас сум горд што веќе 20 години ниту еднаш не ја изгубив вербата, ниту еднаш не го изгубив трпението, туку верував во големите пријатели, во големите сојузници и  државите кој го водеа овој толку силен  и мирен сојуз ширум светот, рече Ахмети.

Нашето место, дополни,  се вбројува и станува значајно колку и овие значајни држави. – Нашата земја, како мала земја, која никој не ја познаваше, денеска е 30-та членка на НАТО, нагласи Ахмети.

Обраќајќи им се претставниците на политичките партии рече дека имале многу разлики, дебати и несогласувања со најдобра намера за да се кажат работите отворено, но оти е  многу благодарен што за две прашања немало разлики – членството во НАТО и во Европската Унија. – Овие два моментите биле тие што секогаш не држеле заедно сите нас, рече Али Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави