Search

Ахмети: Меџити досега не разговарал со мене за интерпелација на министри од ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека не го загружуваат најавите дека Изет Меџити и други пратеници на ДУИ може ќе поднесат интерпелација за вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена – вели Ахмети на ТВ 21.

Тој додава дека доколку сепак пратеник на ДУИ поднесе интерпелација за сопартиец нема да биде отстранет од партијата.

Треба да знаете
Последни објави