Search

Ахмети до Робертсон: Ние сме сега семејство, ние сме НАТО

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети,
одговори на вчерашното писмо на Лордот Џорџ Робертсон.

Почитуван Лорд Робертсон,

Сега веќе сме едно семејство, ние сме НАТО!

Нашиот пат за да станеме едно не беше ниту лесен ниту краток.

Навистина, траеше подолго отколку што помислив кога им се доверивме на
мировните сили на НАТО во 2001 година и кога се ракувавме на нашата
средба во седиштето на НАТО во Брисел во 2003 година, но ниту ти, ниту
јас не ја загубивме нашата цел и останавме посветени кон нашата цел за
двата столба на нашата земја, рамноправноста преку спроведувањето на
Охридскиот Договор и евроатлантската интеграција.

И, успеавме! Сите достигнувања се заеднички, во секој чекор на нашиот
пат, од земја во конфликт до земја членка на  НАТО и во преговори за
членство во ЕУ.

Сакам да ја искористам ова прилика за да изразам почит кон паднатите
војници на НАТО за мирот во мојата земја и да изразам почит за сите кои
служеа, се сеќаваме на нив гордо и бескрајно ќе ги цениме.

Денес ние сме тука затоа што овој пат го изодивме заедно со Вас и нашите
пријатели од меѓународната заедница со кои ги споделуваме истите
вредности и кои беа со нас при сите бури за време на овие две децении и
ниту еднаш не ја изгубивме определбата од целта на патот кој што беше
како ниту еден друг пат кој што сме го поминале претходно.

Почитуван Џорџ, денот за кој толку многу работевме дојде и успеавме.

Сакам да те уверам тебе и сите соработници од меѓународната заедница
дека заедно со моите колеги остануваме посветени и искрени пријатели во
изградбата на демократска и рамноправна држава, со ефективно владеење на
правото, со одржливи меѓуетнички односи, горда земја членка на НАТО и на
Европската Унија.

Ваш,
Али Ахмети

Треба да знаете
Последни објави