Search

Ахмети: Да се почитува Законот за специјално јавно обвинителство

Законот за специјалното јавно обвинителство треба да се почитува се додека не се донесе нов, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите по неколкучасовната седница на централното претседателство во Мала Речица.

-ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите страни, актери во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата Република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ, изјави Ахмети.

Во врска со случајот со пратеникот Џеват Адеми, кој според информациите пред повеќе од еден месец пукал со пиштол на свадба и несакајќи го ранил и својот син, Ахмети рече дека  медиумите се тие што прават драма од сето тоа.

-Органите на правдата да го истражат случајот и да ја соопштат вистината на јавноста. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото. Но ова е прашање кое треба да го кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања, изјави лидерот на ДУИ.

На централното претседателство сстанало збор и за претстојниот конгрес на кој ќе определи како ДУИ ќе дејствува во наредните 20 години.

Треба да знаете
Последни објави