Search

Ахмети: Да се молиме еден за друг и да го надминеме овој предизвик што поскоро

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати честитки за големиот празник Рамазан Бајрам со најискрени желби за прифатен пост и молитви, здравје, среќа и благосостојба во семејствата.

„Денешниот празник доаѓа по светиот месец на постење и претставува прослава на хуманоста, на подавање рака, на грижата, на обединувањето, солидарноста преку вербата во Бога.

Во овие тешки и непредвидливи времиња, да бидеме повнимателни и да се молиме еден за друг и за човештвото воопшто за да го надминеме овој предизвик што е можно поскоро и полесно, и да се вратиме заедно во нормалноста и животот каков што го знаеме и сакаме.

Посакувам овие празнични денови да ги поминете со своите најсакани, да се сакаме, почитуваме, грижиме и помагаме еден со друг рефлектирајќи кон општото добро со верба во Господ“, се вели во честитката.

Треба да знаете
Последни објави