Search

АХВ: Грубо пласирана и непроверена лажна вест е изјавата на Трипуновски

Грубо пласирана и непроверена лажна вест за стотици затруени во скопска сендвичарница, е денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со која, по кој знае кој пат, неаргументирано ја напаѓа за негрижа за јавното здравје работата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со стари, излитени фрази за неконтролирање на безбедноста, увозот и трговијата со храна, предизборно и овој пат Трипуновски без факти се втурна во политиканство, грубо манипулирајќи со во овој момент најсветото за граѓаните – здравјето.

Агенцијата за храна и ветеринарство е професионална и одговорна институција кон граѓаните, а тоа го потврдуваат бројките. Токму според нив а, не според Трипуновски, минатата година, ниту едно лице не завршило на болничко лекување како резултат на труење со храна. За тоа како Агенцијата работи сега, а како работела во минатите години кога е труењето со храна во прашање и кога со институцијата раководеа лица од неговата партија, доволен е податокот дека во 2017 година, само до 1 јули од затруените 246 лица дури 21 лице завршиле на болничко лекување. Последен евидентиран случај на хоспитализирано лице како последица на труење со храна, во земјава е евидентирано на 6 ноември 2018 година.

Мешањето баби и жаби за надлежноста на државните институции не е непознато за Цветан Трипуновски. И овој пат тој требаше да знае дека Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за евидентирање, пребројување и лекување на затруени лица со храна, туку исклучиво надлежна да врши контроли кај операторите со храна тогаш кога е добиено известување за труење од страна на здравствените власти.

Треба да знаете
Последни објави