Search

Африм Гаши од Дебар: Албин Курти и „Самоопределување„ се со нас на овие избори

„Денес ви донесовме вест од Приштина. Албин Курти и „Самоопределување„ ќе бидат со нас на 15 јули. 6-тти октомври на Косово ќе биде 15 јули на Северна Македонија”. Ова го изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва пред луѓето на Дебар.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива одржа голем митинг во Дебар, каде беа претставени кандидатите за пратеници и изборната понуда „Држава за сите”.

„Ако не го оправдаме вашиот глас за една година, тогаш на локалните избори следната година ќе нè казните, но овој пат гласајте за нас и дадете ни можност”, рече Гаши, меѓу другото.

Африм Гаши апелираше до жителите на Дебар, така како што се цивилизирани и културни, да ја завршат оваа битка и на 15 јули, заедно со другите градови, да ја донесат долгоочекуваната промена. Тој ги повика граѓаните на Дебар да го чуваат своето здравје, да ги почитуваат мерките за здрави да слават на денот на изборите.

Треба да знаете
Последни објави