Search

Аукција на дела пренесени од нацистичка Германија во САД

Околу 200 уметнички дела од колекцијата на еврејскиот адвокат Исмар Литман, кои биле тајно префрлени од нацистичка Германија во САД, ќе бидат понудени на аукција во Њујорк.

На наддавањето во акциската куќа „Свон галерис” главно, ќе има цртежи, бакрописи и литографии коишто се дел од колекцијата од околу 6.000 дела на Литман. Нив во САД, пред Втората светска војна ги донел неговиот син Едвард, кој 1933. се населил во Тексас.

Претставникот на аукциската куќа, Тод Вејман рече дека ова е значајна колекција поради единствениот фокус на германски дела.

Литман изврши самоубиство во 1934 година. Неговиот син се вратил во Германија по смртта на својот татко и успеал да земе околу 800 уметнички дела со себе во САД, раскажува синот на Едвард – Џон Литман (81).

Треба да знаете
Последни објави