Search

АТП ја потврди лошата вест за Ѓоковиќ- само вакцинирани на Ролан Гарос

АТП официјално им соопшти на тенисерите, само вакцинираните ќе можат да играат на турнири во Франција, тоа значи и Гренд слем турнирот – Ролан Гарос.

Тениската федерација на Франција, потврди дека ќе биде усвоен законски акт со кој секој невакциниран тенисер нема да има право на настап на спортски манифестации во земјата.

Ова значи дека светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ризикува да го пропушти и турнирот во Париз, единствен начин да настапи е да докаже со сертификат кој потврдува дека од медицински причини не смее да прими вакцина.

Претходно загонетна изјава за евентуалниот настап на Ѓоковиќ на Вимблдон имаше и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој е приврзаник на процесот на задолжителна вакцинација против ковид-19, па станува јасно дека српскиот тенисер не би можел да игра ниту на Вимблдон.

По одбивањето на визата на австралиската Влада, јасно е дека ниту Соединетите Американски Држави нема да му дозволат на Новак да игра на Отвореното првенство на САД во Њујорк, што може сериозно да му ја загрози кариерата на 34-годишниот тенисер.

Треба да знаете
Последни објави