Search

АТП: Шаповалов и Нишиока во финалето во Сеул

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов и Јошихито Ношиока од Јапонија ќе играат во утрешното финале на АТП турнирот во Сеул.

Шаповалов, 24. рангиран на АТП листата, беше поуспешен во денешното полуфинале од американскиот тенисер Џексон Бруксби (АТП – 46) со 7-5, 6-4.

Нишиока, (56. на АТП ранг-листата), во полуфиналето го совлада Александар Ковачевиќ од САД(АТП – 222) со 6-3, 4-6, 6-3.

Финалето е на програмата в недела со почеток во 8:30 часот по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави