Search

Атман: Не земав ниту една плата во Вардар

Вардар вчера претрпе голем удар откако Даинис Криштопанс и Павел Атман го напуштија тимот. Криштопанс и официјално е нов член на Фуксе Берлин, откако летонскиот „џин“ реши да стави крај на финансиската агонија во Вардар и да си замине од Скопје неколку месеци пред договорениот трансфер во ПСЖ. Русинот, пак, е врати во Москва, во Спартак.

Атман потпиша за Вардар од редовите на Хановер и требаше да биде големо засилување за актуелниот европски шампион. Тој во интервју за руските медиуми објави детали од кризата на „вардарци“, обелоденувајќи дека сезонава не зел ниту една единствена плата во Скопје.

„Од почетокот на сезоната, веќе седум месеци играв за Вардар, а не земав ниту една единствена плата. Кризата беше очигледна, а иднината на клубот крајно неизвесна. Имавме многу прашања, а не добивавме одговори. А имам и сериозна семејна ситуација, со сопругата чекаме второ дете и затоа морав да донесам одлука. Заедно решивме да се вратиме во Русија и ја прифативме понудата на Спартак“, изјави Атман.

Фото: РК Вардар

Треба да знаете
Последни објави