Search

Атлетико Мадрид губеше до 90 минута, но на крајот ја победи Валенсија

Шпанскиот првак Атлетико Мадрид на неверојатен начин стигна до победа од 3:2 во дуелот со Валенсија во меч од 22. коло на Примера дивисион. Јорганџиите на полувреме губеа со 0:2, во 90 минута беше беше 2:1 за Валенсија, но на крајот Атлетико се радуваше на триумф.

Дека ќе биде интересно на „Ванда Метрополитано“ најави Муса со погодок во 25 минута за водство на Валенсија од 1:0.

Пред крајот на првото полувреме Валенсија поведе и со 2:0, а стрелец беше Дуро. Во второто полувреме Атлетико тргна на „се или ништо“ и тоа им се исплатеше. Неверојатниот пресврт го најави Куња со погодок во 64 минута кога намали на 1:2.

Водството на Валенсија беше се до почетокот на судиското надополнување. Тогаш се случи драма. Кореа со гол во 90+1 минута израмни на 2:2, а веќе во следниот напад Атлетико даде уште еден погодок за делириум на мадриѓани и победа од 3:2. Ермосо го даде погодокот за комплетирање на пресвртот.

Треба да знаете
Последни објави