Search

Атлетико даде гол од половина терен, но освои само бод во Вилјареал

Ноќта на фантастични голови во Топ пет лигите продолжи и на средбата меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид, во меч кој заврши 2:2.

Стрелец на ремек делото од половина терен е Анхел Кореа во 10-та минута. Напаѓачот на актуелниот првак, ја украде топката на средината на теренот, а потоа и на фантастичен начин ја затресе мрежата на голманот на домаќините.

„Жолтата подморница“ брзо се опорави по големиот шок и во 29. минута преку Торес го изедначи резултатот, откако претходно промаши пенал и им беше поништен гол поради играње со рака.

Во вториот дел, Алберто Морено погоди во 58-та минута, додека Џефри Кондогбија ги постави конечните 2:2.

Со ова, Атлетико дојде до 33-от бод и остана на четвртотто место, додека Вилјареал е под број осум со 29 бода.

Треба да знаете
Последни објави