Search

Атиџе од „Медена земја“ за првпат во 57 години ги дувна роденденските свеќи

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова наполни 57 години, но она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што таа за првпат ги дувна свеќите на роденденската торта, објави Сузана Турунџиева на Инстаграм.

Прославата се одржа во скопски кафе-бар, а сето тоа го организира Турунџиева, нова пријателка на Атиџе, која и запеа на увце „Среќен роденден“ и најави дека ова е само „генерална проба“, односно дека со Атиџе ќе слават дури три дена.

-Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба во Light caffe, а утре продолжуваме… Ќе видите каде.  Среќен 57ми роденден мила Атиџе!“, напиша Турунџиева во видео-објавата.

Треба да знаете
Последни објави