Search

Атина загрижена поради зголемениот број на мигранти

Властите во Грција се загрижени поради зголемениот број на мигранти во прифаќачките центри на грчките острови, како резултат на ненадејното и зголемено доаѓање од Турција, според грчкиот весник „Катимерини“.

Само во првата недела од јули на грчките острови во источен Егеј, кои прифатиле 17.924 баратели на азил, дошле околу 1.000 нови мигранти.

Грчкиот министер за миграциона политика Јоргос Кумуцакос рече дека решението е да се обезбеди почитување на човековите права и демократските принципи, а истовремено да се осигура безбедноста.

Претставниците на агенцијата за бегалци на Обединетите нации и Меѓународната организација за миграција го информираа Кумуцакос за ситуацијата на грчките острови каде што се сместени мигрантите, пред денешниот самит на ЕУ за миграција во Хелсинки.

Треба да знаете
Последни објави