Search

„Аталанта“ со убедлива победа ја прекина победничката серија на „Интер“

„Аталанта“ успеа да ја прекине победничката низа на „Интер“, триумфирајќи со 4:1 во Бергамо, за да ги оддалечи „нераѕурите“ од лидерот во Серија А, „Јувентус“.

Ханс Хатебер уште во 9. минута најави дека домаќинот оди на победа на мечот со тимот кој има седум победи во низа во Италија, откако се најде на вистинското место и ја смести топката во голот на Хандановиќ по убава акција.

„Аталанта“ доминираше во првото полувреме, откако Папу Гомез само минути по првиот гол го примора Хандановиќ да ја вади топката од гол-линија, а Иличиќ во 22. минута имаше неверојатна утка за која многу ќе се зборува.

Казната за пропуштените шанси на тимот од Бергамо дојде во 47. минута од удар од белата точка, кој Мауро Икарди го изведе без проблем. Меѓутоа, „Аталанта“ не се предаде- Џанлука Манчини во 62. минута пак ги донесе во водство, а Берам Џимсити во 88. минута зголеми на 3:1. „Сол на раната“ постави капитенот Папу Гомез со гол во 94 минута.

Со поразот, „Интер“ останува на третото место со 25 поени, шест помалку од „Јувентус“, кој гостува на „Милан“ вечерва, додека „Аталанта“ е шеста со 18 поени.

Треба да знаете
Последни објави