Search

Аталанта со триумф во Неапол го остави Милан на врвот

Наполи на македонскит фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој одигра цел натпреавр за составот од Неапол загуби како домаќин на „Диего Армандо Марадона“ од Аталанта (2:3) и по 16. коло му го отстапи врвот во италијанската Серија А на Милан. Во натпреавр со два пресврти тимот од Бергамо освои значајни бодови со кои се вклучи во трката за „скудетото“  покрај тимовите на Милан, Интер и Наполи кои ги заземаат првите три позции.

Руслан Малиновски со одличен волеј ја испрати топката во мрежата на Наполи во седмата минута за водство од 1-0. Израмнување на резултатот донесе Пјотр Зиелински во 40. минута, кога налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на Аталанта за 1-1. А целосен пресврт за тимот од Неапол носи Дрис Мертенс во 47. минута.

ВАР-технологијата не досуди пенал за Аталанта во 61. минута, но тоа не беше проблем за гостите кои во 66. минута преку Демирал да израмнат на 2-2, а само неколку минути подоцна Фројлер погоди за 3-2.

Треба да знаете
Последни објави