Search

Аталанта нема намера да ги продава своите sвезди

Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси изјави дека очекува европските гиганти да бидат заинтересирани за многу од неговите играчи. Сепак, тој нема намера да се раздели со нив.

Тимот од Бергамо имаше исклучителна сезона, завршувајќи на третото место во Серија „А” и играше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Неколку играчи ќе бидат цел, не само Дуван Запата. Ние ќе сториме се што е можно за да ги задржиме, ако нема понуди што е невозможно да се одбијат, рече Перкаси.

Оваа сезона Аталанта ги одигра своите домашни натпревари во Милано, но претседателот на клубот се надева дека следните натпревари ќе бидат во Бергамо.

– Има планови за подобрување на стадионот. Мислам дека ќе успееме. Ние работиме да ја играме следната Лига на шампиони во Бергамо. Градот и нашите навивачи го заслужуваат тоа, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави