Search

Аталанта му одржа лекција на Лацио среде Рим

Фудбалерите на Аталанта вечерва на Олимпико го победија Лацио со 4:1 во натпревар од првото коло во Серија А. Аталанта му одржа фудбалска лекција на Лацио и заслужено дојде до трите бода. Гостите дојдоа до водство во десетата минута кога мрежата на римскиот клуб ја затресе Госенс.

Аталанта до вториот погодок стигна во 32. минута кога фантастично погоди Хатебур по асистенција на Госенс. Само десет минути подоцна беше 0:3. Овој пат на сцена стапи Гомез кој прекрасно го матираше голманот на Лацио.

Римскиот клуб успеа да ја врати надежта со почесниот погодок во 57. минута, но не и да приреди чудо, бидејќи Аталанта само четири минути подоцна им ги уништи сите планови. Гомез на спекталуране начин ги постави конечните 4:1.

Треба да знаете
Последни објави