Search

Астронаутите се подготвуваат за вселената во пештерите на Словенија

Астронаутите од пет вселенски агенции деновиве се обучуваат во пештерите на Словенија за вселенските мисии во рамки на програмата КАВЕС на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Астронаутите ги испитуваат подземните системи, вршат научни експерименти длабоко под земјата и ги планираат и документираат своите активности, пренесува словенечката агенција СТА.

Според ЕСА, обуката на астронаутите кои доаѓаат од таа агенција, рускиот Роскомос, канадската и јапонската вселенска агенција и НАСА (двајца астронаути) започнала во средата.

На 20 септември тие ќе го започнат својот шестдневен престој во Лепа Јама, пештера во областа Кочевје на југ, каде што ќе ги истражуваат подземните води.

Пештерата води кон лавиринт на премини, кои астронаутите ќе мора сами да ги истражуваат, бидејќи нивната комуникација со тимот на површината ќе биде многу ограничена.

Претставничката на ЕСА, која ја дизајнираше програмата, Лоредана Бесоне, смета дека таквата симулација е најблиската можна околина што може да се најде на Земјата до „еколошките, психолошките и логистичките ограничувања на вселенската мисија“.

Треба да знаете
Последни објави