Search

Астон Вила славеше над Лестер, Џерард го победи својот поранешен тренер

Астон вила славеше против Лестер со 2-1 во 15. коло од Премиерлигата и така Стивен Џерард ја запиша третата победа во четвртиот меч на кормилото на екипата од Бирмингем.

Барнс ги шокираше домаќините со гол во 14. минута , но набрзо Конса ја врати резултатската неизвесност во мечот и израмни на 1-1.

Ремзи погоди за пресврт во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме, но голот беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата, но сепак Конса со втор гол на мечот ги уништи „лисиците“.

Треба да знаете
Последни објави