Search

Астон Вила е хит во Премиер, минимално совладан Лестер

Астон Вила продолжи со феноменалните игри во англиската Премиер лига и со триумф кај Лестер Сити (0-1) ја прокнижи четвртата победа по четири одиграни кола во англиската елита.

Изненадувањето на стартот од сезоната претходно славеше над Шефилд Јунајтед, Фулам и Ливерпул, а сега го зема и целиот плен и против Лестер. Воедно, Астон Вила е единствената екипа без кикс оваа сезона во ПЛ.

Трите бода за Астон Вила ги донесе Рос Баркли. Играчот од средниот ред прими топка, тргна кон голот на домашните и со еден шут од дваесет и пет метри во 91. минута го измами Каспер Шмајхел.

Лестер Сити го доживеа вториот пораз во низа, а во следното коло гостува кај Арсенал. Астон Вила, пак, ќе оди на продолжување на победничката низа против Лидс .

https://dai.ly/x7wwk8c

Треба да знаете
Последни објави