Search

Аспас: Реал Мадрид? Помина мојот воз…

Најдобриот играч на Селта Виго, Иаго Аспас изјави дека најверојатно својата кариера ќе ја заврши во овој клуб и дека за него е веќе доцна да прави големи трансфери.

„Моменталната ситуација апсолутно ми одговара и среќен сум. Овде сум со моето семејство, навистина ми е убаво и не размислувам за заминување од Виго. Би сакал да се пензионирам тука“, изјави Аспас кој што неодамна се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

„Мислам дека мојот воз помина. Но, ако Реал се заинтересирани за мене, ќе мора најпрвин да разговараат со мојот клуб, а дури потоа со мене“, изјави Аспас.

Поради одличните настапи, Иаго Аспас доби и повик од селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике.

Треба да знаете
Последни објави