Search

Асенсио се договорил со Барселона?!

Марко Асенсио, фудбалерот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид е се поблиску до преселба во редовите на лутиот ривал Барселона. Веста, доцна синоќа, ја објави каталонската радио станица „RAC1“. Овој извор тврди дека Асенсио договорил четиригодишен договор со Барселона.

Асенсио е во последната година од договорот и нема апсолутно никакви индикации дека би можел да ја продолжи соработката со Реал.

Хорхе Мендеш, неоадман стана менаџер на Асенсио, а тоа не му се допадна на Флорентино Перез. Асенсио бараше поголема минутажа и финансиски подобра договор, Реал не само што не му ги исполни барањата, туку Шпанецот целосно падна во втор план од почетокот на сезоната.

Марко Асенсио има 26 години, не игра доволно и затоа сака нов предизвик.

Она што сепак фрла сомнеж во оваа приказна е идејата на Барселона да го врати Лео Меси.

Деновиве каталонски извори, а притоа многу сигурни, пишуваа за идејата на Чави, Меси да одигра барем уште една сезона за Барселона.

Асенсио не е ист тип на играч, никој не е сличен на Меси, но факт е дека и двајцата најчесто играат на десно крило, особено во формацијата 4-3-3, која Чави најчесто ја користи.

Исто така, не треба да заборавиме дека тука се Дембеле, Рафиња, Феран Торес, па сигурно е дека Чави ќе мора да продаде еден од нив.

Треба да знаете
Последни објави