Search

Асенсио не исклучува можност за трансфер во Барселона

Фудбалерот од средниот ред на шпанскиот првак Реал Мадрид, Марко Асенсио не ја отфрли можноста за преселба во Барселона.

– Да бидам искрен, не знам дали Барселона сака да ме ангажира. Ми пријдоа многу други големи клубови. Не размислував за тоа и не ја оценив оваа опција. Околу мене има многу шпекулации, разговори и тоа е нормално. За седум месеци можам да потпишам договор со кој било клуб. Многу клубови ми приоѓаат и во иднина ќе даваат уште поконкретни понуди и тоа е во ред. Во моментов не можам да одговорам околу евентуален трансфер во Барселона, изјави Асенсио за „Марка”.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека каталонскиот клуб покажува интерес за 26-годишниот фудбалер на Реал.

Во тековната сезона Асенсио постигна еден гол на четири натпревари. Неговиот договор со клубот од Мадрид е до 30 јуни 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави