Search

Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика германската Влада, што е можно поскоро, да ги укине граничните контроли со Луксембург и Франција.

– Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ.. Шенген е најголемото достигнување на Унијата, рече Аселборн во изјава за германските медиуми.

Тој посочи дека граничните контроли носат само  проблеми.

– Секој ден ми пишуваат луѓе од Германија кои се жалат на граничните контроли, рече Аселборн, додавајќи дека за луѓето во пограничните области е тешко да одат на работа.

Треба да знаете
Последни објави