Search

Асанж доби делумен пристап до интернет

Еквадор повторно овозможи делумен пристап до интернет за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој повеќе од шест години се наоѓа во зградата на амбасадата на таа земја во Лондон.

Оваа информација ја соопшти неговата страна и адвокатот на Асанж, Грег Барнс.

Комуникацијата со светот на Асанж му беше прекината во март бидејќи, како што тогаш соопштила Владата на Еквадор, тој на социјалните мрежи разговарал за прашања што би можеле да нанесат штета на дипломатските односи на таа земја, а меѓу кои беше и дипломатската криза меѓу Лондон и Москва, како и сепаратизмот во Каталонија.

Треба да знаете
Последни објави