Search

Асанж во САД би можел да биде осуден на 175 години затвор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде осуден на 175 години затвор, ако одлучи да биде екстрадиран во САД, предупреди вчера американскиот адвокат Ерик Луис. Тој во своето сведочење преку видео врска истакна дека бара казна за Асанж во висина од околу 20 години, но оти може да биде побарана  и казна и до 175 години. Луис истакна дека Владата на САД е многу строга кон обвинетите за закана по националната безбедност. Сослушувањето на Асанж ќе продолжи на почетокот од октомври.

Американските власти го товарат Асанж за хакирање на владините комјутери и кршење на законот за шпионажа поради објавување на доверливи телеграми на Викиликс во периодот од 2010 до 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави