Search

Асанж во притвор се додека не се разгледа барањето за екстрадиција во САД

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе остане во притвор се додека не се разгледа барањето за негова екстрадиција во САД. Ваква одлука донесе судот во Лондон.

Асанж, кој присуствува на судско рочиште преку видео врска, во моментов издржува казна од 50 недели за непочитување на условите за гаранција. Судската одлука значи дека Асанж ќе остане во затвор по истекување на тој период, иако австралиските адвокати се обидуваат да ја оспорат законитоста на екстрадицијата и очекуваат процесот да трае повеќе месеци.

Треба да знаете
Последни објави