Search

Арчил Талаквадзе нов претседател на грузискиот Парламент

Грузискиот парламент денеска го избра кандидатот на владејачката партија Грузиски сон, Арчил Талаквадзе, за свој нов претседател, откако претходниот претседател на собранието поднесе оставка по насилните протести во Тбилиси.

Талаквадзе беше избран едногласно откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата во знак на протест поради одбивањето на владејачката партија да разговара за министерот за внатрешни работи, за кого опозицијата смета дека е одговорен за прекумерната употреба на полициска сила против демонстрантите.

Треба да знаете
Последни објави