Search

Архимандрит Партениј се сретна со солунскиот митрополит г. Антим

Игуменот на Бигорскиот манастир, архмандрит Партениј и членови од бигорската обител беа во посета на Светата Солунска Митрополија, каде имаа средба со митрополит солунски, г. Антим.

-На срдбата анхимандрит Партениј и митрополитот Антим  разговараа и за неопходноста од соединувањето на сите православни браќа, без разлика на тоа во која држава живеат и на која националност припаѓаат, бидејќи сите нас не обединуваат единствените тело и крв Христови, изјави отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Архимандрит Партениј му искажал голема благодарност на  солунскиот митрополит за помошта млади луѓе да се стекнат со високо теолошко образование.

Митрополитот Антим,нагласи отец Кирил, придонесе десетина студенти, на митрополитски трошок, да учат теологија на престижниот солунски Аристотелов универзитет и да учат источно-црковно пеење.

-Со ова великодушно дело, солунскиот владика придонесе да се надмине тешката изолација на нашата Црква и да се воспостават многу пријателски контакти. Ваквата соработка во името Христово трае скоро десетина години, така што ние веќе имаме неколкумина дипломирани теолози, магистри и псалти, а во тек е школувањето на уште неколку наши студенти, посочи отец Кирил.

Митрополитот Антим уште еднаш ја потврдил својата подготвеност за продолжување на подршката.

Треба да знаете
Последни објави