Search

(АРХИВА) Кои се „Ла Верита“ и Ларис Гајсер?

По објавата на „Ла Верита“ на видео-прилогот со наслов „Изборните измами во македонското досие на премиерот миленик на ЕУ“ , во кој се тврди дека Зоран Заев за време на изборите во 2014 година во Струмица купувал гласови, повторно го објавуваме текстот од 8 август 2019 г. за тоа кои се италијанскиот весник и Ларис Гајсер, потписникот на текстовите за земјава.

„360 степени“, 8 август 2019 г.

Весникот „Ла Верита“, кој ги објави снимките, меѓу другото, и од разговор меѓу Јордан Камчев и Боки 13, во кој се имплицира вмешаност на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, важи за близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини*. Во него во континуитет се објавуваат информации со кои се атакува на сите што размислуваат поинаку од Салвини, Орбан, Јанша, Ле Пен и од останатите претставници на радикалната десница.

Салвини и унгарскиот премиер Виктор Орбан многупати во изминатиот период го демонстрираа политичкото сојузништво. Орбан изјавуваше за Салвини дека е негов политички херој (за разлика од Макрон кого го смета за непријател) и дека е„најважниот политичар во Европа“.

Виктор Орбан и Матео Салвини

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини има врски и со рускиот претседател Владимир Путин. Неодамна беше објавена снимка од негови соработници кои во Москва преговараат план со кој Русија пред европските избори треба финансиски да ја помогне крајната десница, вклучувајќи ја и партијата на Салвини, со цел да се поткопаат либералните демократии и да се формира „нова Европа блиска до официјална Москва“.

Матео Салвини и Владимир Путин

КОЈ Е АВТОРОТ НА ТЕКСТОТ

Инаку, авторот на текстот Лорис Гајсер е Словенец со италијански пасош. Тој е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од интернет-страницата на Паневропската Унија

На парламентарните избори во 2011 година Гајсер бил кандидат на изборите за десничарската Словенечка људска странка.

*Матео Салвини од 5 септември 2019 г. не е министер за внатрешни работи на Италија

*поврзана вест Пак се јави „Ла Верита“: Обвинителството не процесуирало кривична пријава против Заев за купување гласови во 2014 година

*поврзана вест Заев за информациите во „Ла Верита“: Ако имаа докази ќе ме осудеа – тоа беше притисок врз опозицијата

Извор: 360stepeni.mk

Треба да знаете
Последни објави