Search

Артуро Видал ја напушта Барселона во јануари?

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал не е задоволен од својата минутажа на „Камп Ноу“ и би можел да ги напушти Каталонците веќе во јануари.

Како што пренесува италијански медиум голема е веројатноста Артуро Видал да се пресели во Јувентус во јануари. Доколку дојде до договор, тоа ќе значи дека Видал ќе се врати во клубот каде што настапуваше од 2011-та до 2015-та година.

Чилеанецот не е задоволен од минутажата која што ја добива од Ернесто Валверде во Барселона, па понудата на Јувентус би можела да пристигне во вистинскиот момент за него.

Артуро Видал, покрај за Барселона и Јувентус, тој настапуваше и во дресот на минхенски Баерн, Баер Леверкузен и екипата на Коло Коло.

Треба да знаете
Последни објави