Search

Артета не може да го преболи поразот од Лестер

Тренерот на англискит фудбалски премиерлигаш Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер кој неговиот тим го доживеа во рамките од 6. коло против Лестер.

– Многу сум разочаран, во првото полувреме сè беше во наши раце, и не знам како ни беше поништен нашиот гол. Тешко е да се создаде простор кога ривалот е со 10 луѓе во одбрана, но моравме подобро да го завршиме натпреварот. Кога станува збор за вакви натпревари, шансите не смее да се пропуштаат, потенцира Артета.

Арсенал загуби од Лестер со 1:0 и пропушти можност да се пробие во горниот дел на табелата во Премиер лигата.

„Топчиите” се на 10.место со девет бода од шест натпревари.

Треба да знаете
Последни објави