Search

Артета восхитен од физичката подготовка на Обамејанг

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше подготвеноста на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.  

– Не би рекол нешто посебно доколку Обамејанг само постигне гол, тоа е негова работа. Сега покажува нешто што никогаш не сум го видел. Се издвојува по тоа како трча, како врши притисок, примањето на топката, движењето на теренот. Не стои и не чека прилика да постигне гол. Ми се допаѓа оваа верзија на Обамејанг, изјави Артета за „Скај спортс”.  

На осум  натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Обамејанг постигна четири голови и една асистенција. 

Арсенал се наоѓа на 10. место во поредокот со 14 бодови.

Треба да знаете
Последни објави