Search

Артемизија Џeнтилески доби рецензии со пет ѕвездички

Првата голема изложба во Велика Британија на жена сликар која со векови беше занемарувана поради нејзиниот пол е оценета како возбудлива и величествена, пренесуваат британските медиуми.

Изложбата на делата на Артемизија Џenентилески во Националната галерија во Лондон е  отворена по шестмесечно доцнење поради Ковид-19.

Италијанскиот барокен уметник создаде живописни слики на силни жени.

Критичарите од „Телеграф“, „Гардијан“, „Тајмс“ и „Ивнинг стандард“ дадоа рецензии со пет sвезди, а некои од нив ја нарекоа фантастична.

Џonонатан Џонс од „Гардијан“ изложбата ја опиша како „возбудливо возење од почеток до крај, ова е највозбудливата изложба што некогаш сум ја доживеал во Националната галерија“.

Италијанката Артемизија Џентилески денес се смета за една од највештите барокни сликари на генерацијата по Караваџо. Во време кога жените сликари не биле лесно прифатени од страна на уметничката заедница или клиентите, таа беше првата жена која стана членка на Accademia di Arte del Disegno во Фиренца.

Треба да знаете
Последни објави