Search

Арсовски: Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг

Мила Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој обвини дека невенчаниот сопруг на министерката Мила Царовска три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8 мај, од Град Скопје и Петре Шилегов добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување опрема за висинско набљудување.

„Невенчаниот сопруг на Мила Царовска освен тендерите за летање дронови доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари. Георгиевски Горан, кој е сопственик на фирмата ‘Флај кем’ стана редовен добитник на тендерите и набавките од институциите додека неговата невенчана сопруга е министерка. Дали Мила Царовска молчи за овој скандал каде што добивале тендери со нејзиниот маж затоа што можеби следи нов скандал за набавка за воспоставување систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската Котлина? Овој тендер е актуелен и тежи околу 5 милиони денари“, рече Арсовски.

Според Арсовски, СДСМ, Заев и неговите функционери немаат намера да се променат. Тие и понатаму, велат од ВМРО-ДПМНЕ, остануваат да бидат владетели на народните пари и да си ги делат парите на граѓаните помеѓу себе.

„Веќе не помага ниту метла, ниту, пак, кадровски решенија како што би рекол Зоран Заев. За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите коишто се инволвирани, додека, пак, Мила Царовска да не молчи, да не се затскрива зад паушални проекти кои ги објавува деновите и да излезе да го даде својот коментар за овој скандал и да сносни одговорност“, додаде Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави