Search

Арсовски: Прашајте ги СДСМ со кого формирале мнозинство

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димле Арсовски повтори дека од партијата нема да коментираат шпекулации од медиумите, како вчерашната со ДУИ договориле премиер Албанец, односно Лазе Еленовски, но  ги повика новинарите да прашаат во СДСМ со кого тие договориле мнозинство, како што велат во одредени медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ како што можевте да видите и вчера низ медиумите каде што имав одговор  на прашање, работи на формирање на парламентарно мнозинство и информации од непотврдени и неидентификувани извори ниту ги потврдуваме ниту ги демантираме. Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори  „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години. Така да може слободно да одговорат со кого формирале и детали околу парламентарното мнозинство,одговори портпаролот на новинарско прашање.

Треба да знаете
Последни објави