Search

Арсовски: Право и правда во Република Македонија одамна нема

Едно е јасно, право и правда во Република Македонија одамна нема.Правото и правдата изминативе години се заменети со рекетирање, со  уцени, закани и едноставно со трошење  грдни пари коишто се во сопственост на народот, а завршуваат во џебови кај функционерите на СДСМ и блиски до СДСМ.Специјалното јавно обвинителство, институција позната како блиска до Заев и до СДСМ, институција која наместо со носење правда во државата за којашто всушност беше и направена се занимаваше изминативе години со рекетирање,уцени,закани,сензационални прес конференции не е ништо повеќе, освен рекетарска криминална банда која троши милионски суми на плати коишто  се до 15 па и  20 пати над просекот.

Во интерес на јавноста, како се трошеа парите на граѓаните од страна на рекетарите од Специјалното јавно обвинителство и колку плата примаа вработените во СЈО, вработени по фамилијарна линија и по насока на СДСМ, денес ќе поставиме неколку прашања јавно и ќе чекаме одговори за  истите.Дали од СЈО, дали од поединци, сеедно битно јавноста заслужува да знае колку земале плати вработените во СЈО.

Еве да почнеме со прашање за платата на Специјалната јавна рекетарка, веќе не обвинителка Катица Јанева. Дали е вистина дека Катица Јанева цели 4 години земала месечна плата од бруто 120.000 денари, односно нето плата од 80.000 денари и секој месец по основ кој никој не го знае земала 250.000 денари бонус или вкупно 330.000 денари месечна плата за Катица Јанева којашто рекетираше и заврши во затвор или вкупно за 4 години, земала 257.000 евра само по основ на плати?

И замислете, малку и биле овие пари на Катица Јанева, па земала и секој месец по 400 евра во просек за кирија, иако на име на децата  какошто знаете јавно е обелоденето има 2 стана во Скопје, коишто се во сопственост на нејзините деца.Вкупно за кирија за 4 години државата и граѓаните на Катица Јанева и плаќале 20.000 евра.

Дали е точно дека јавен обвинител во СЈО земал плата 120.000 денари бруто, односно 80.000 денари нето плус додаток од 160.000 денари секој месец, или дали е точно дека вкупно еден обвинител во СЈО земал месечна плата од   4.000 евра нето? За 4 години тоа е вкупно околу 192.000 евра нето плата за специјален јавен обвинител односно јавен обвинител во СЈО.

Еве на пример за јавноста да биде информираме го повикуваме да одговори Гаврил Бубевски дали волку пари земал плата изминативе 4 години.

Или пак да прашаме дали е вистина дека првата братучедка на Гаврил Бубевски, Ефимија Чучурска којашто е обичен службеник во СЈО земала месечна нето плата од 29.000 денари плус дополнителен бонус од околу 55.000 денари секој месец што значи дека  вкупно плата месечно околу 84.500 денари? Еве и за неговата прва братучедка нека одговори исто Гаврил Бубевски.

Или пак дали е вистина дека вработен службеник во СЈО земал нето плата од 20.000 денари плус бонус од 55.000 денари или вкупно 75.000 денари месечно за обичен службеник во специјалното јавното обвинителско ?

Еве на пример нека одговори исто првиот братучед на Гаврил Бубевски, Љупчо Чучурски, инаку Гаврил Бубески знае дека има двајца први братучеди вработени во СЈО, дали земал толку плата или на пример нека одговори Ѓорѓи Делиџаков кој е внук од сестра на Катица Јанева, бидејќи таа не може да одговори, дали е точно дека обичен службеник како него, односно како овие двајца  земале 75.000 денари месечно плата, секој месец изминативе години додека се во работен однос во СЈО?

Обичните службеници во СЈО земале плата повеќе од просечен јавен обвинител во ОЈО односно републичко кој зема околу 55.000 денари плата и има стаж од 20 години како обвинител, а секој ден со својата работа е во разнразноопасност од разноразни луѓе на кои им излегоа на патот на криминалот.Срамота.

Очигледно е дека битката за задржување на сите овие вработени по фамилијарна и партиска линија во СЈО, на преговориве коишто се водеа од страна од Заев и Рената Дескоска е само единствено со една причина  да се задржат огромните плати коишто како што рековме биле и над  15-20 пати повисоки од просечните плати кои ги земаат граѓаните.

Очигледно е дека СЈО е користено за лични профити на една фамилијарно рекетарска багра којашто знаеме како е вработено.

Почитувани господа од СЈО, господине Гаврил Бубески имате можност денеска на јавноста одговорете и веднаш.Дали е вистина дека сте земале волкави суми плата, пари коишто се одделени од граѓаните?

Верувајте дека ќе дојде ден, сите овие трошења на пари на граѓаните ќе бидат подложни на ревизија и доколку се утврди дека има било какви недоследности, некој ќе одговара за сите овие работи.

Треба да знаете
Последни објави