Search

Арсовски: Нов бран на непотизам во Битола

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Заразата од епидемијата на непотизам повторно се шири низ целата држава. Покрај Штип, Прилеп, Велес, Виница, денеска ќе ви презентираме нови случаеви на непотизам од претходно најзаразениот град, Битола.

Откако претходно градоначалничката Петровска и пратеникот Кирацовски си ги имаа исповработено целите семејства, сега во новиот бран на непотизам, локалните функционери си го земале данокот за послушноста кон СДСМ.

Ќе започнам со ред.

Прв случај, Јове Смилевски, инаку вработен во РЕК Битола и Претседател на синдикатот на ЕЛЕМ, близок до Васко Ковачевски и СДСМ, си го вработил својот син Наум Смилевски во РЕК Битола, а истиот тој е Претседавач на Советот во општина Новаци од редовите на СДСМ.

Втор случај, Претседателот на синдикалната организација на РЕК Битола Менде Фидановски, инаку исто близок до Васко Ковачевски и СДСМ, си ја вработил својата сопруга.

Трет случај, Драган Видановски, инаку директор на рудници во РЕК Битола, исто близок до Васко Ковачевски и СДСМ си го вработил синот.

Четврт случај, Секретарот на СДСМ Битола, Жаклина Наумовска, инаку советник во Советот во Битола, си го вработила својот син во АОП службата во РЕК Битола.

Сите овие случаеви се вработувања во РЕК Битола. РЕК Битола стана дувло на непотизмот во Битола.

Петти случај, директорот на ЈП Пазари Битола, Владо Атанасовски, си ја вработил својата сопруга во ЈП Нискоградба.

Шести и последен случај на непотизам е случајот на Никола Бабовски кој е директор на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство си ја вработил својата сопруга Кети Бабовска во општина Битола.

Шест случаеви во втор бран на непотизам се премногу дури и за Битола. Битола се празни и се иселуваат граѓаните заради немањето можности да просперираат.

Секојдневно се иселуваат млади луѓе од Битола затоа што од цена на неквалитетот на СДСМ и функционерите на СДСМ кои се вработуваат, квалитетните млади луѓе не може да се вработуваат и својот спас си го бараат надвор од Битола и од границите на Република Македонија.

Затоа апелираме до ДКСК, петти ден по ред побрзо да ги истражи сите овие сомнителни случаеви на влијание од одредени локални функционери на локално ниво од страна на СДСМ, дали има или нема влијание и непотизам во вработувањето на нивните роднини и во поставувањето на раководни функции како и во некои други градови.

Одговорност за сите овие работи мора да има, без разлика дали сега или после 12 април, одговорност ќе има. Никој нема да се спаси од прекршување на законот. После 12 април следува Обнова на Македонија, и тоа обнова која што ќе донесе рамноправност за сите граѓани, а не само привилегии за локалните и централните функционери на СДСМ и власта.“

Треба да знаете
Последни објави