Search

Арсовски: Зошто СДСМ крие неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи и од каде им се?

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи. СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен грабеж и поткуп на терен. Во извештајот поднесен до ДЗР за потрошени средства во кампањата од страна на коалицијата „Можеме“, СДСМ ги крие трошоците и сумите кои ги потрошиле за одредени ставки и спецификации.

Зошто? Најверојатно сомнителни им се изворите на пари и затоа не се транспарентни да ги објават, колку суми и колкави пари потрошиле за оваа кампања. Доколку внимателно се погледне извештајот, во ниту една ставка не може да се најде извештај и сума колку пари потрошиле СДСМ и коалицијата „Можеме“ за рекламирање и рекламен простор, односно платени, спонзорирани реклами на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук, Инстаграм итн.

Очигледно е дека кријат свесно и свесно сакаат да ги изманипулираат граѓаните. Но, да потсетиме, во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите, дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за реклами околу 27.000 евра на ден, што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра реклами, само за на социјалните мрежи. Прашањето е следно, зошто овие суми не ги пријавува СДСМ и од каде им се овие суми на пари за финансирање на социјалните мрежи. Дали можеби тоа се парите од рекетот кој го изрекетираа Заеви и СДСМ во милионски суми, за кој што се уште не одговараа? Дали нетранспарентноста на СДСМ ја потврдува тезата дека СДСМ оваа кампања ја финансирала т.н. „црни пари”? Ова се прашањата на кои што треба да ги одговорат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави