Search

Арсовски: Заев и Спасовски итно да поднесат оставки поради прислушувањата во Обвинителството

Осми ден молчат од СДСМ за скандалот со прислушувањето, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и рече дека премиерот, Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се обидуваат нешто да сокријат.

Тој побара Заев и Спасовски итно да поднесат оставки со цел, како што рече, да не ја попречуваат истрагата за скандалот.

„Се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично. Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана? Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал?
Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста? За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор“, истакна Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави