Search

Арсовски: Заев да каже дали со разговорите биле уценувани обвинителите и судиите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски праша дали премиерот Зоран Заев има пристап до нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители и кој сѐ ги има овие разговори.

„Да потсетиме дека Заев однапред ги знаеше пресудите за одредени случаеви. Дали можеби овие разговори биле причината што Заев однапред знаеше кому, колку го следува казна затвор? Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев. Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии“, праша Арсовски на прес-конференција и рече дека премиерот со денови го избегнува одговорот на овие прашања.

Опозицијата верува дека Заев треба да разјасни во што е вмешана власта. Арсовски го повтори ставот дека Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, треба да понесат одговорност и да си дадат оставки.

Треба да знаете
Последни објави