Search

Арсовски: Епидемијата на непотизам наместо да се искорени како што вети Заев пред една година, таа сеуште се шири со се позасилено темпо

Епидемијата на непотизам наместо да се искорени како што вети Зоран Заев пред околу една година, таа сеуште се шири и тоа повторно, со се позасилено темпо.

Очигледен е личниот интерес кај функционерите од СДСМ, свесни дека ги чека пораз, побрзаа повторно да си ги довработат и доунапредат сите оние роднини што им останаа незгрижени со претходниот бран на непотизам.

Штип, како еден од главните примери за повторна зараза од епидемијата на непотизам е еден од водечките градови кој ги згрижува функционерите и роднините на функционерите на СДСМ.

Денеска, за пример ќе го земеме Јане Миланов кој инаку е Претседател на Советот на општина Штип. Денеска општината не е посветена на работа, и тоа сите гледаме, но дека Јане се посветил да си го згрижи целото семејство, тоа денес ќе имаат можност да го чујат сите граѓани.

Сопругата на Јане Миланов, претседателот на Советот на Општина Штип станала главна сестра на Физикална Терапија во Штип.

Ќерката на Јане Миланов според нашите информации, вклучувајќи го влијанието на каналите на Јане Миланов и Градоначалникот Бочварски, станува главна во општинската организација на Црвен Крст.

Внукот од сестра на Јане Миланов е вработен во ЈП Исар, кое што е под директна надлежност на општината и Советот каде што е Јане Миланов е Претседател.

Внукот од другата сестра на Јане Миланов, господинот Читкушев кој имаше приватна и сопствена ординација, по ново е вработен во Клиничката болница во Штип.

Најверојатно кај Јане Миланов уште домашните миленичиња останале незгрижени и најверојатно ќе ги згрижи идниот период.

Втор пример, поранешниот пратеник од СДСМ, Ален Ѓорѓиев, сегашен директор на клиничката болница во Штип, каде што згрижува голем дел од роднините на другите функционери во Штип, за возврат него му ги вработиле жена му во средното училиште Јане Сандански во Штип, и неговата сестра му во основното училиште „Тошо Арсов“.

Почитувани,

Трет пример, сопругот на директорката од УЈП Штип, Ана Јаковчевска – Андонова е вработен во ЈП Стипион.

Очигледно, СДСМ се подготвува за паѓање од власт.

Непотизмот е појава која што тешко се искоренува во СДСМ.

Затоа јавно апелираме како ВМРО-ДПМНЕ Антикорупциската Комисија да ги следи овие наши излагања каде што објавуваме нови случаеви на непотизам и да преземе соодветни мерки. И да ги истражи и доколку се докаже дека навистина има влијание и непотизам од функционерите на СДСМ да преземе соодветни мерки.

За среќа на сите граѓани, сето ова ќе заврши на 12-ти април и конечно ќе отпочне обновата на Македонија која што ја руинираше Владата на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави